Во тек е приемот на пријави за „Рубикон“ – конкурсот на словенечките студенти за презентација на одлуките на Европскиот суд за човекови права

Овој конкурс придонесува за подобра подготовка на словенечките правници: подобро застапување на подносителите на жалбата и државата и поодговорна грижа за заштитата на правата на конвенцијата при донесувањето и примената на прописите, како и во функционирањето на редовните и уставните судови и за адвокатурата. Учесниците на конкурсот се обучуваат да ги прогнозираат одлуките на ЕСЧП за секое конкретно дело во кое тие можат да учествуваат како претставник на тужителот, одговорната земја или како составувач на правни одлуки или одлуки на судот.

Во конкурсот „Рубикон“ како учесници се покануваат студентите од Европскиот факултет по право на Новиот универзитет, од Правниот факултет при Универзитетот во Љубљана, од Правниот факултет при Универзитетот во Марибор, Факултетот за социјални науки на Универзитетот во Љубљана и од Факултетот за управување при Универзитетот во Љубљана. Пријавите за учество на овој конкурс треба да се доставан не подоцна од 31-ви март 2020 година на следната електронска адреса: referat@epf.nova-uni.si. Во случај на голем број пријави за конкурсот на Европскиот факултет по право на Новиот универзитет ќе се организира селекција, за која датумот ќе боде дополнително подготвен.

Финалната етапа на конкурсот ќе се одржи на 14-ти мај 2020 година во Љубљана. Учесниците самите избираат случај од ЕСПЧ за која било земја-потписничка на Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи (само не против Република Словенија). На финалето учесниците ќе имаат десет минути за да ја претставата одлуката на ЕСПЧ која ја избрале. Потоа ќе одговараат на прашањата на комисијата која е составена од професори, (поранешни) судии на Уставниот суд и експерт по реторика. На крајот на конкурсот финалистите ќе добијат диплома и награди во книги, а победникот ќе добие пехар.

Подетално за конкурсот

Извор: epf.nova-uni.si