Во тек е приемот на пријави за учество на 28-та меѓународна конференција за електроника и компјутерски науки ERK 2019 и за студентскиот конкурс IEEE

На 23-ти и 24-ти септември 2019 година во хотелот Grand Hotel Bernardin во Порторож ќе се одржи 28-та меѓународна конференција за електротехника и компјутерски науки ERK 2019. Во рамките на конференцијата ќе се одржи и студентски конкурс IEEE.

Пријавите за учество на конференцијата и конкурсот треба да се достават до 5-ти јули 2019 година. Официјален јазик на конференцијата ќе биде англиски и словенечки. Исто така согласно условите на конкурсот до 5-ти јули учесниците треба да достават лична статија напишана на четири страни.  

Се покануваат да земат учество на конкурсот студентите од студиските, магистерските и докторските програми на: „Електротехника“, „Информатика“, „Компјутерски науки“, „Телекомуникации“, „Дидактика“.

Се покануваат да земат учество на конференцијата професори, истражувачи, специјалисти по ИКТ.

Подетално за студентскиот конкурс IEEE Подетално за конференцијата

Извори: feri.um.si, erk.fe.uni-lj.si