Во тек е приемот на пријави за учество на есенската школа „Разработка на веб решенија со помош на фрејмворк Angular“

Од 25-ти до 27-ми септември 2019 година во просториите на компанијата  Развоен центар ИКТ Славиња Жалец ќе се одржи есенска школа, која што ќе трае три дена и ќе биде посветена на современите пристапи за разработка на еднострани веб решенија со користење на фрејмворкот Angular.

Организатори на летната школа се: Институтот за информатика од факултетот за електротехника, компјутерски науки и информатика при универзитетот во Марибор и компанијата Развоен центар ИКТ Савиња Жалец.

По завршувањето на Школата ќе биде организиран конкурс, чиј спонзор ке обезбеди вредни награди за најдобрите проекти.

Пријавите за учество на есенската школа може да се доставуваат до четврток, 19-ти сепември 2019 година. Поради ограничениот број на места, организаторот го задржува правото на избор на кандидати. Информациите за резултатите од изборот ќе бидат достапни во петок на 20-ти септември 2019 година.

За повеќе информации обратете се на следната електронска адреса: luka.pavlic@um.si

Регистрација за летната школа

Извор: feri.um.si