Во тек е приемот на пријави за учество на Петата меѓународна конференција за развој на индустриски инженеринг

На 21-ви и 22-ри април 2020 година во селото Оточец кај Ново Место ќе се одржи Петата меѓународна конференција за развој на индустриски инженеринг. Конференцијата ја организира Факултетот за индустриски инженеринг од Ново Место. Рокот за поднесување на рефератот е до 11-ти ноември 2019 година.   

Конференцијата внесува нова практика за соработка на бизнисот со научните и образовните организации. Главната цел на конференцијата е да се осигура дека тенденциите за развој се во согласност со реалните кадровски потреби од технолошкиот и индустрискиот сектор. Новите побарувања на пазарот за трудот и конкурентноста на компанијата претставува проблем кој што денес не треба да се избегнува.   

Во тематските секции на конференцијата ќе земат учество словенечките и странските експерти, претставниците на економијата, универзитетите и другите високообразовни установи, институти и стручни здруженија.  

Подетално за настанот Регистрација за учество на меѓународната конференција

Извор: fini-unm.si