Во тек е приемот на пријавите за учество на конкурсот за разработка на логотип на проектот COMPETE

Центрот COMPETE објавува конкурс за разработка на логотип, кој што ќе го претстави проектот COMPETE како официјален симбол и ќе се користи за различни деловни и рекламни цели: електронската пошта, писма, покани, брошури, веб-страна, социјални мрежи и така натаму.

На конкурсот можат да учествуваат како физички, така и правни лица. Пријавите за учество на конкурсот треба да се достават не покасно од 03-ти ноември 2019 година.

Era Chair COMPETE – е меѓудисциплинарен проект, во чиј што рамки вработените од неколку групи се занимаваат со разработка на микрофлуици и технологија основана на истото, се здружуваат со истражувачите од некои фундаментални науки и разработуваат нови решенија од областа на биотехнологијата, производството на материјали, биомедицина, квалитетот на прехранбените производи и заштитата на животната средина. Главната цел на проектот е создавање на Центар за микропроцесорска техника и технологија. Во рамките на петгодишниот проект кој што чини 2,5 милиони евра ERA Chair COMPETE има тенденција да стане водечки европски центар за микропроцесорска техника и технологија со силни индустриски врски. Програмата ќе вклучува одржување на меѓународни семинари и размена на експерти и студенти со водечките научно-истражувачки институции во Европа и по целиот свет.

Извор: uni-lj.si