Во тек е приемот на статии за меѓународната конференција IFIP SEC 2020

На 26-ти и 28-ми мај 2020 година во Hotel City во Марибор ќе се одржи 35-та меѓународна конференција IFIP SEC (International Conference on ICT Systems Security and Privacy Protection – Меѓународна конференција за информатичко-комуникациски системи за безбедност и заштита на приватните информации). Организатор на настанот ќе биде Институтот за информатика при факултетот за електротехника, компјутерски науки и информатика при универзитетот од Марибор.

Целта на конференцијата IFIP SEC е обединување на научниците и експертите од сферата на економијата и владините установи со цел идентификација и дискутирање на проблемите со безбедноста и доверливоста на информатичко-комуникациските технологии.

На конференцијата се покануваат да поднесат статии професори, студенти, експерти, претставници од економијата и владините установи. Примените дела ќе бидат испечатени во посебен број на списанието IFIP Advances in Information and Communication Technology (AICT), коешто го печати издаваштвото Springer.

Важни датуми: 05-ти јануари 2020 година – поднесување на статиите; 12-ти февруари 2020 година – известување за примените статии за публикување и препораки за авторите; 06-ти март 2020 година – поднесување на статиите во редакцијата.

За повеќе информации напишете на следната електронска адреса: sec2020@um.si.

Подетално за конференцијата

Извор: feri.um.si