Во текот на еден месец во градовите на Република Словенија ќе се одржува фестивалот на улична храна Odprta kuhna

Омилениот кулинарен фестивал после летната пауза, продолжува традиционално во средите и саботите и ќе ги израдува жителите и гостите на неколку градови во Република Словенија како на пример: Ново-Место (21-ви септември, од 10:00-21:00 часот), Нова Горица (25-ти септември, од 10:00-21:00 часот), Цеље (5-ти октомври, од 10:00-21:00 часот), Копар (12-ти октомври, од 11:00-21:00 часот) и Птуј (19-ти октомври, од 10:00-21:00 часот). Во Љубљана Фестивалот ќе се одржува секој петок до 25-ти октомври на плоштадот Погачарев трг од 11:00 до 21:00 часот. На ова место на 25-ти октомври свечено ќе се одржи неговото свечено затворање.

Кулинарната програма на фестивалот има изразени есенски „ноти“. На менито ќе има: супа од тиква со морков и портокал, кисела зелка, пржени компири, хамбургери, специјалитети од морски плодови, уникатни авторски пијалоци (на пример, pumpkin spice latte) и класична пица на наполитански начин (pizza fritta).

Официјалната веб страна на фестивалот Facebook

Извор: student.si