Во Цеље се одржува 52-та Меѓународна изложба-саем на занаети

Од 10-ти до 16-ти септември 2019 година во Цеље се одржува 52-та Меѓународна изложба-саем на занаети – најголем настан од овој тип кој што се одржува во Република Словенија. Во него учествуваат повеќе од 1500 изложувачи и околу 100 илјади посетители. Држава партнер на настанот оваа година ќе биде Црна Гора, која што ќе биде претставена од преку 40 изложувачи.

Во рамките на изложбата се одржуваат меѓународни средби, кои што им овозможуваат на малите и средните претпријатија да го развиваат сојот бизнис, да воспоставуваат контакти, да развиваат деловна соработка, да споделуваат искуство и информации со колегите, да разработат заеднички идеи и проекти.

Настанот сам по себе претставува центар на науката, различни занаети, технологија, економија и иновации, кој што се насочени кон пет клучни гранки: градежништво и реновирање на домови, кампинг, караванинг, туризам и храна, занаетчиска и индустриска опрема и материјали, деловни услуги и можности во странство, а исто така и производи за широка потрошувачка.

Изложбата е отворена за посетителите секојдневно од 09:00 до 19:00 часот, на завршниот ден – до 18:00 часот. Влезот на изложбата е бесплатен.

Извор: gorenjskiglas.si