Во универзитетот во Љубљана ќе се одржи бесплатен онлајн-курс за основите на претприемништвото

Факултетот за економија при универзитетот во Љубљана е един од основачите на Центарот за социално претприемништво при универзитетот во Љубљана. Во рамките на активностите на Центарот тој учествува во проектот BLUES (Blended learning international entrepreneurship skills – «Комбинирано учење на навиките на меѓународното претприемништво») со акцент на социјалното претприемништво.

Во рамките на проектот се организира бесплатен образовен онлајн курс за основите на претприемништвото. Целта на курсот е развој на претприемничките навики. Предавањата ќе започнат на 4 април 2019 година. После успешно завршениот курс,  учесниците ќе бидат поканети на двонеделен бесплатен курс за подготовка во Стопанската комора на Словенија, каде што по завршувањето учесниците ќе се стекнат со сертификат, кој што ќе им биде врачен од меѓународните партнери во проектот Erasmus+.

Работен јазик на онлајн курсот ќе биде англискиот (со словенечки субтитлови). Двонеделниот курс за подготовка во кој ќе земат учество професори од универзитетот од Љубљана и претставници од Стопанската комора на Словенија ќе се одржи на словенечки јазик.

Регистрацијата трае до 3 април 2019 година.  

Информации: judita.peterlin@ef.uni-lj.si

Извор: efnet.si