Во универзитетот во Љубљана ќе се одржи «Месец на здравјето». Програма за настанот

Центарот за воннаставни настани при универзитетот во Љубљана во април 2019 година ќе одржи серија на бесплатни настани за студентите и вработените од  универзитетот во рамките на акцијата «Месец на здравјето». Учесниците ќе се научат да користат дефибрилатор, ќе дознаат за ползата од сонот, за позитивната мисла, правилниот начин на  исхрана, ќе земат учество во разните спортски настани, кои што ќе придонесат за подобрување на физичката форма и да се стекнат со нови пријателства.

Програма на настани:

Рушење на рекордот во најмасовна студентска вежба –  Kickboxing

Кога: 3 април 2019 година, 20:00 – 21:00.

Што: Масовна групна кардио вежба, која што е наменета како за мажи така и за жени.

Адреса: универзитетска спортска сала Рожна долина (Светчева,11).

Изгрејсонце на Шмарна планина

Кога: 8 април 2019 година, 06:00 – 10:00.

Што: Планинарење по Шмарна планина и гледање на изгрејсонцето. По спуштањето здрав појадок во мензата Rožna Kuhna.

Место: паркинг Tacen, менза Rožna Kuhna (Светчева, 9).

Лансирај го својот механизам за победа: предавање на доктор Матеја Тушака

Кога: 9 април 2019 година, 18:00 – 19:30.

Што: предавање за позитивна мисла во секојдневниот живот.

Адреса: Študentski dom Ljubljana, Мала сала (Светчева, 9).

Победничка исхрана: предавасње на доктор Уршки Буковник

Кога: 10 април 2019 година, 18:00 – 19:30.

Што: предавање за важноста на балансираната микрофлора на цревниот систем, за тоа , како да се намали стресот со помош на храната и спортот, како хормоналниот дисбаланс може да не доведе нас до влошување на општата состојба и губење на идеалната тежина на телото.

Адреса: Študentski dom Ljubljana, Мала сала (Светчева, 9).

Трка од факултет до факултет – настан во чест на 100 годишнината од основањето на универзитетот во Љубљана

Кога: 16 април 2019 година, 18:00 – 20:00.

Што: Рекреативна трка на оддалеченост од 5 и 10 километри, со посета на 5/10 факултети при универзитетот во Љубљана.

Каде: универзитетската спортска сала Рожна долина (Светчева, 11).

Велосипедска тура во Тошко-Чело

Кога: среда, 17 април 2019 година, 14:00 – 17:00.

Што: рекреативна велосипедска тура во Тошко-Чело.

Собирно место: универзитетската спортска сала Рожна долина (Светчева, 11).

Сонот е подобар од алкохолот: предавање на докторот по медицина Барбара Гнидовец Стражишар

Кога: четврток, 18 април 2019 година, 14:00 – 15:00.

Што: лекција за разбирање и препознавање на нарушениот сон, зошто квалитетниот сон е важен за нашата работа.

Каде: Študentski dom Ljubljana, Мала сала (Светчева, 9).

Основна процедура при пружање помош во случај на запирање на работата на срцето и користење на дефибрилатор

Кога: вторник, 23 април 2019 година, 13:00 – 14:00.

Што: семинар за основните процедури при пружање помош во случај на запирање на работата на срцето, презентација за користење на дефибрилатор. База на податоци AED (автоматски надворешен дефибрилатор) исто така достапна во универзитетската спортска сала Рожна долина.

Каде: универзитетска спортска сала Рожна долина (Светчева, 11).

Информации: cod@uni-lj.si, мобилен: 030 641 648 (Иванка Стритар).

Извор: uni-lj.si