Во универзитетот во Марибор ќе се одржи шестиот саем за кариера

Центарот за кариера при универзитетот во Марибор во соработка со  мариборското и птујското одделение на Службата за вработување го одржуваат шестиот саем за кариера, кој што претставува огромен настан, посветен на кариерните перспективи на младината. Саемот за кариера кој што ќе има набиена програма ќе се одржи во среда на 17 април 2019 година, од 10:00 до 13:00 во ректоратот на универзитетот во Марибор. Целната група на настанот се студентите, дипломираните студенти, младите луѓе кои што се во потрага по работа.  

Во текот на настанот учесниците ќе можат да разговараат со повеќе од 20 потенцијални работодавци, да се запознаат со нивната дејност, да се претстават себе си за време на краткиот разговор, да остварат соработка и да добијат работа. Помеѓу работодавците кои што ќе учествуваат саемот се следниве: – Lek d.d, член на групацијата Sandoz, Агенцијата M servis d.o.o., Henkel Maribor d.o.o., Deloitte Slovenija, Arhides, sodobne informacijske tehnologije d.o.o., Odelo Slovenija d.o.o., FlawlessCode d.o.o., SSI Schaefer d.o.o., LIDL Slovenija d.o.o. k.d., Alicona Imaging GmbH, Addeco Slovenija d.o.o., Zavod center nova (FIMA znanje), Oryx Gaming, CADCAM Lab d.o.o., Boom Software AG, Aspiria informacijske tehnologije d.o.o., Hot-ten d.o.o., Know-Center GmbH, Fundacija PRIZMA, Службата за вработување, Центарот PIP, Andragoški zavod Maribor – Ljudska univerza, Народниот универзитет Словенска Бистрица.

Паралелно со работата на саемот во оваа година за прв пат ќе се одржи округла маса, која што ќе биде посветена на компетенциите на педагозите од гледна точка на работодавците. Исто така ќе се одржи семинар за составување на CV, каде што учесниците ќе имаат можност да добијат информации за составување на автобиографија и мотивационо писмо, а исто така и бесплатно да ја искористат услугата за професионално фотографирање за своето CV.

Проектот го кофинансираат министерството за образование, наука и спорт и Европската Унија од средствата на Европскиот социјален фонд. Пријавите за учество се примаат до 16 април 2019 година.

Подетално Пријава

Извори: kc.um.si, um.si