Во универзитетот во Марибор заврши националниот дел од меѓународниот конкурс Saint-Gobain’s Multi Comfort Student Contest

Во петокот на 12 април 2019 година, на факултетот за градежништво, транспорт и архитектура при универзитетот во Марибор се одржа националниот дел од конкурсот Saint-Gobain’s Multi Comfort Student Contest. Овој дел од конкурсот за прв пат се одржа со поддршка од факултетот за градежништво, транспорт и архитектура при универзитетот во Марибор.

Раководител на проектот беше професор доктор Весна Жегарац Лесковар во соработка со професор доктор Мирослав Премров и поканетите професори Вернер Нусмјулер и професор доктор Метко Ситар. Во реализацијата на проектот исто така учествуваа асистентките Маја Жигарт и Наташа Шпрах.

Како дел од студиите – Одржлива зграда и Одржлив концепт на проектирање на згради студентите разработија проектни решенија за подобрување на северо-источниот дел на Милано во реонот на метро станицата Crescenzago во согласност со критериумите за одржлив развој и енергетска ефикасност на Saint-Gobain Multi Comfort, а исто така и со иновациски претстави за иднината на овој дел од градот земајќи го во предвид регионалниот контекст.

Според резултатите од конкурсот комисијата награди тројца победници и избра најдобар проект, кој што ќе ја претстави Република Словенија на меѓународниот дел од конкурсот aint-Gobain’s Multi Comfort Student Contest од 05 до 08 јуни 2019 година во Милано. За победнички проект беше избран „CITTA BIANCA – clear to feel“ (автори – Сања Шпиндлер и Ивана Вукович).

Да додаме дека меѓународниот конкурс за студенти од струката „Архитектура“ и „Градежништво“ веќе петнаеста година по ред се одржува под покровителство и учество на концернот Saint-Gobain, кон кој што оваа година се приклучи и општината Милано. Конкурсот се одржува во две етапи: национален (април 2019 година) и меѓународен (јуни 2019 година). Во рамките на конкурсот има 2 200 студенти од 28 земји и претставува одлична можност за практична подготовка на конкретниот проект со користење на одржливи решенија на концернот Saint-Gobain.

Извор: fgpa.um.si