Во универзитетот во Нова Горица ја прославија 100-годишнината на Меѓународниот астрономски сојуз

Во универзитетот во Нова Горица свечено ја прославија 100-годишнината на Меѓународниот астрономски сојуз. Главната прослава се одржа во Брисел. На настанот зема учество вработената од универзитетот од Нова Горица астрофизичарот професор доктор Андреја Гомбоц.

Да напоменеме дека во склоп на универзитетот од Нова Горица работи Центарот за астрофизика и космологија, во кој што се прават истражувања од областа на астрофизиката на високо-енергетските објекти, астрофизиката на честички и повеќеканална астрономија. На факултетот за природни науки на универзитетот од Нова Горица има студиска програма „Физика и астрофизика“ – единствена студиска програма по астрофизика во земјата.

Минатата година вработените од Центарот за астрофизика и космологија беа коавтори на три извонредни научни откритија. Членот на меѓународната група Fermi LAT доктор Габриела Захаријаш докажа дека огромните црни дупки можат да произведуваат високо-енергетски  неутрони. Покрај тоа, со помош на гама зрачење научниците го измериле вкупното количество на светлина, кое што го генерираат ѕвездите за последните 90% од историјата на вселената (последните 12 милијарди години).

Во истражувањето, кое што го спровеле астрономите од Калифорнискиот технолошки институт, учествувала доктор Тања Петрушевска. Во текот на истражувањето научниците откриле необична експлозија на супер нова ѕвезда, која што образувала систем од две неутронски ѕвезди.

Извор: facebook.com