Во Универзитетската библиотека во Марибор ќе се отвори школо за анимиран филм

Од 1 април до 21 јуни 2019 година во салата Глазерјева дворана  на Универзитетската библиотека во Марибор ќе се отвори школо «Основи на анимираниот филм». Предавањата ќе се одржуваат пет пати месечно (3 пати во понеделник, 2 пати во петок) од 16:00 до 19:00 часот. Раководител на школото ќе биде Јоже Слачек, асистент – Кристијан Робич.

За три месеци колку што ќе работи филмкото школо, учесниците ќе можат да се стекнат со сестрана претстава за методите, историјата, продуцирањето и режирањето на анимираните филмови. Тие ќе се стекнат со знаења, кои што ќе им овозможат да се усовршуваат и да творат во таа област.

Теоретската работа ќе се преплетува со практичната, во зависност од желбите и активностите на учесниците, затоа можно е појавување на сижеа на нови филмови. Доколку има желба учесникот на филмското школо може да биде само посматрач.

Цената за учество е 160 евра, можно е одложено плаќање на 4 рати (март, април, мај, јуни). За пријава за учество потребно е да се поднесе пополнет формулат и уплата од првата рата.

Пријава Подетално

Извори: ukm.um.si, um.si