Вo Велење се одржа дваесет и вториот младински музичко – уметнички фестивал Kunigunda

Во саботата на 24-ти август 2019 година, на главниот плоштад во Велење – Титов трг – се одржа традиционалниот дваесет и втори младински музичко – уметнички фестивал Kunigunda.

Настанот го добил името во чест на главниот лик од локалната легенда за волшебничката Kunigunda, која што можела да предвидува настани и имала исцелителна моќ. Целта на фестивалот се состои во популаризација на алтернативната некомерцијална младинска култура, која што понекогаш излегува од конвенционалните рамки и отвара нови хоризонти на креативност.

Спонзори на овој фестивал се општината Велење и Младинскиот центар Велење. Како што потенцирал директорот на Младинскиот центар Велење Марко Притржник, фестивалот се организира исклучиво со работата на локалните доброволци.

Според зборовите на организаторите ваквиот настан е шанса за младите да ги покажат своите творечки вештини на неконвенционален начин, да ги покажат своите знаења, креативност и навики, кои што ќе им се најдат понатаму во животот.

Извор: vecer.com