Вo Жирон се одржа доделувањето на дипломите на магистрите од заедничката магистерска програма со универзитетот од Љубљана од магистерската програма EMTM

Во саботата на 07-ми септември 2019 година во Жирон, Шпанија, се одржа 11-та церемонија за врачување на дипломите на 34 студенти кои што магистрираа на заедничката магистерска програма „Менеџмент во туризмот“ (EMTM – European Master of Tourism Management). Во нејзината реализација учествуваа три универзитети: универзитетот од Јужна Данска (SDU), економскиот факултет при универзитетот во Љубљана и универзитетот од Жирон (UdG).

На церемонијата за доделување на дипломите земаа учество академските и административните раководители на програмата од економскиот факултет – професор Тања Михалич и Мартина Сагир.

Извор: efnet.si