Водечкиот производител во автомобилската индустрија групацијата TPV организира конкурс за студентите со необични награди

Групацијата TPV, која што е еден од водечките доставувачи и разработувачи на глобалниот пазар во автомобилската индустрија, оваа година ја одбележува 30 годишнината од своето постоење. Со цел одбележување на овој јубилеј групацијата организира конкурс за студенти. Победникот на овој конкурс на 30 дена ќе ја заземе позицијата на помошник директор за истражување и развој, ќе може лично да се запознае со разработката на производите на најпознатите марки на автомобили и да се стекне со работно искуство на меѓународен план, рамо до рамо со најдобрите инженери. Исто така предвидена е и плата.

За да земете учество во конкурсот треба да се претставите на најиновативен начин: со писмо, со кратка биографија, со помош на постер, со презентација во PowerPoint или со видео. Иновативноста и желбата ќе бидат решавачки фактори при изборот на најдобриот кандидат. Исто така треба да се наведе своето образование, хоби, искуството и причините зошто вие би сакале да се приклучите на тимот на групацијата TPV.

Презентациите се примаат до 15 мај 2019 година на е-мејл адресата: zaposlitev@tpv.si.

Групацијата TPV соработува со најпребирливите произведувачи на автомобили од престижните брендови како што се: BMW, Mercedez Benz, Volvo, Rolls Royce, Jaguar, Land Rover, Renault и други. TPV разработува производи, кои што значително влијаат на динамиката на возењето, безбедноста, екологијата и комфорот. Групацијата исто така разработува и модели за смарт фабрики (автоматизирани транспортни средства, роботизирани системи, 3D компјутерски вид и така натаму).

Подетално

Извор: fini-unm.si