Водечките универзитети во Словенија се партнери на огромниот проект од областа на иновациската обука

Министерството за образование, наука и спорт и Европскиот социјален фонд го кофинансираат проектот INOVUP («Иновациска обука и предавање во вишите образовни установи»), кој што е насочен кон подобрување на квалитетот на вишото образование. Партнери на проектот се универзитетот од Љубљана, универзитетот од Марибор, Приморскиот универзитет и Факултетот за информациски науки од Ново Место.

На професорите и другите вработени во вишите образовни установи проектот им овозможува неколку циклуси на подготовка во областа на дидактиката во вишето образование, кој што се одржуваат по целата држава.

Во рамките на проектот «Иновациска обука и предавање во вишите образовни установи» се одржуваат курсеви: «Словенечки јазик како втор/странски јазик»; «Вишо образование во меѓукултурен контекст»; «Проблематична обука во виртуалните корпоративни мрежи»; «Интеркултурна комуникација во висшото образование».

Извор: um.si