Вработената од факулетот за туризам при универзитетот во Марибор е наградена за најдобар реферат на меѓународниот симпозиум во Амстердам

На 28 и 29 март 2019 година во Амстердам со учество на Hotel School The Hague Amsterdam се одржа меѓународен симпозиум за менеџмент во индустријата на гостопримството International Hospitality Management Symposium 2019 на темата: «Сценарија за гостопримна иднина: подготовка на таленти и разбирање на технологијата за создавање на значајни средби (Hospitable futures: Preparing talents and understanding the technology to create meaningful encounters).

Во рамките на симпозиумот со реферат се претстави вработената од факултетот за туризам од универзитетот во Марибор доцент доктор Маја Турншек. Заедно со коавторот на рефератот, професор Адељ Ладкин од универзитетот во Борнмута (Велика Британија), таа беше удостоена со награда за најдобар реферат. Темата на рефератот беше: «Платформска економија и менаџирање на персоналот во контекст на алгоритмичното управување» (Platform economy and human resources management towards algorithmic management).

Извор: ft.um.si