Вработениот од факултетот за електротехника, компјутерски науки и информатика при универзитетот од Марибор е удостоен со признаница од страна на Словенечкиот научен фонд

Вработениот од факултетот за електротехника, компјутерски науки и информатика при универзитетот од Марибор доцент доктор Матеј Чрепиншек е удостоен со признаница од страна на Словенечкиот научен фонд „Прометеј на науката за напредно искуство во комуникации“ за популаризацијата на науката со цел зголемување на свеста на младината за важноста на техничките професии за иднината на општеството и државата. Наградата на претставникот на факултетот му била врачена во текот на свечената академија, којашто се одржа во вторникот, на 28-ми јануари 2020 година, во салата на Државниот совет на Република Словенија.

Да напоменеме дека со оваа награда се удостојуваат научници, културни дејци, професори и новинари, коишто придонеле во популаризацијата на науката за широката публика. Од 2003 година признаницата се врачува на лица, коишто ја популаризираат науката со помош на медиумите на разни групи на населението.

Доцент доктор Матеј Чрепиншек од 2016 година се наога во експертската група RINOS, чијашто цел е вклучување на теоријата на компјутерски науки и информатиката во образовните планови на основните и средни училишта. Групата RINOS работи во структурата на Институтот за образование на Република Словенија. Во 2018 година таа го претстави завршниот извештај на министерството за образование, наука и спорт, во коешто беше направен осврт на предавањето на компјутерски науки и информатика во дванаесет земји и била направена детална анализа од воведувањето на задолжителното предавање на компјутерски науки и информатика во четири земји од Организацијата за економска соработка и развој. Исто така групата RINOS исстапи со предлог за воведување на задолжителни часови за компјутерски науки и информатика во земјата.

Матеј Чрепиншек исто така активно учествува во подготовката на различни конкурси за компјутерски науки и информатика во основните и средните училишта. Покрај останатото тој бил главен на оганокот на комитетот за националниот конкурс ACM Bober во 2017 и 2019 година, одржан на факултетот за електротехника, компјутерски науки и информатика при универзитетот од Марибор.

Извор: feri.um.si