Вработениот од факултетот за постдипломско образование од универзитетот во Нова Горица доби грант од Советот на Европа за научни истражувања

Вработениот од факултетот за постдипломско образование од универзитетот во Нова Горица професор доктор Нејц Ходник (истражувач од Институтот за хемија, оддел за катализа и реакционен инженеринг) го доби грантот од Советот на Европа за научни истражувања ERC Starting Grant 2019. Грантот се доделува на научници кои се на почетокот на нивната професионална кариера.

Новиот проект на Советот на Европа за научни истражувања „На патот кон наноструктурни електрокатализатори со одлична стабилност“ (скратено „123STABLE“) истражува, како се менува атомската структура на наночастичките на електрокатализаторот при работа во елементи со ниска топлина и електролизери.

Стекнатите знаења ќе бидат основа за создавање на нови стабилни структури на наночестички на катализаторот. Самото тоа ќе доведе до разработка на посовремени и поусовршени катализатори, што е важен придонес во развојот на водородната економија.

Извор: facebook.com, ki.si