Вработениот од универзитетот во Нова Горица, директорот на Институтот Јожеф Штефан професор Јадран Ленарчич е удостоен со звањето „Личност на годината“

Долгогодишниот соработник на универзитетот од Нова Горица, директорот на Институтот Јожеф Штефан професор Јадран Ленарчич е удостоен со звањето „Личност на годината“ според верзијста на списанието Delo. Помеѓу добитниците се најдоа познатите дејци од уметноста, политиката, претприемништвото и филантропи. Јубилејната 30-та церемонија за доделување на награди се одржа во четвртокот, на 09-ти јануари 2020 година, во Линхартовската сала во Цанкаревиот дом во Љубљана.

Како научник, Јадран Ленарчич е еден од основоположниците и пионерите на роботско – техничката кинематика, биороботиката и хуманоидните роботи и до денешен ден останува еден од најпочитуваните автори и лектори во оваа научна област.

Минатата година Ленарчич бил поканет професор на Болоњската академија на науки; во состав на групата на Европската комисија тој се јавува како коавтор на документот за перспективни технологии, коишто ќе го определуваат животот на човештвото во иднина, а исто така беше удостоен со францускиот Национален орден за заслуги.

Извор: delo.si