Вработените од економскиот факултет при универзитетот во Љубљана се удостоени со наградата Best Cutting-Edge Technology Paper – Entrenova 2019

Во рамките на конференцијата ENTerprise REsearch InNOVAtion – ENTRENOVA, која што се одржуваше од 12-ти до 14-ти септември 2019 година во градот Ровињ, Хрватска, вработените од економскиот факултет при универзитетот во Љубљана професор доктор Владо Димовски, доцент доктор Јудита Петерлин, асистент доктор Барбара Грах и магистерот од областа на бизнисот, асиситент Симон Цолнар за статијата „Value-based management education: the case of health care management course“ („Вредносно ориентирано образование во областа на менаџментот: на пример курс по менаџмент од областа на здравството“) беа удостоени со наградите Best Cutting-Edge Technology Paper („Најдобра статија за напредната технологија“).

Наградата за најдобрите статии, кои што беа претставени на конференцијата, секоја година ги врачува ENTRENOVA Awards Committee.

Извор: efnet.si