Вработените од факултетот за применети социјални истражувања при универзитетот во Нова Горица земаа учество на 14-та конференција на Европската асоцијација на социолози

Во периодот од 20-ти до 23-ти август 2019 година во Манчестер, Велика Британија, се одржа 14-та конференција на Европската асоцијација на социолози на темата „Европа и светот кој што те опкружува: граници, бариери и односи“ (Europe and beyong: boundaries, barriers and belonging). Основната цел на конференцијата се состои во разгледувањето на современите настани, процеси и практики во контекст на европската и светската социологија.

Активно учество на конференцијата како еден од партнерите на проектот Interreg CE 1223 INNO WISEs зема Факултетот за применети социјални истражувања при универзитетот во Нова Горица со презентација за социјалните претпријатија, чија дејност е насочена кон интеграција на загрозените социјални групи на пазарот за трудот во централно-европскиот регион.

Доктор Теа Голоб и професор Матеј Макарович го претставија рефератот во рамките на секцијата RN36 – Исток и Запад: социологија на трансформација. Тоа е платформа за научници, кои што се интересираат за проблеми поврзани со социјалните измени, со посебен акцент на земјите од Централна и Источна Европа. Темата а нивните истражувања звучи вака: „Структурен и семиотички контекст на трудовата интеграција. Социални претпријатија во Централно-Источна Европа“ (Structural and Semiotic Contexts of Work Integration Social Enterprises in East-Central Europe).

Извор: fuds.si