Вработените од компанијата 2ТМ ги посетија образовните институции во Марибор

Во четвртокот, на 16-ти мај 2019 година, вработените од компанијата 2ТМ посетија неколку образовни институции во Марибор, со кои што сораборува компанијата.

Photo: © 2TM d.o.o.

Претставниците од компанијата 2ТМ беа топло примени во објектите на факултетот за електротехника, компјутернски науки и информатика при универзитетот во Марибор. Гостите ги придружуваше специјалистот за медиуми и промоција на факултетот Пиа Пребевшек. Специјално за гостите таа одржа детална презентација на  факултетот, покрај другото напоменувајќи дека тој се вбројува во 3% најдобри универзитети во светот. Не е зачудувачки што факултетот може да се пофали со голем процент на вработени студенти, кои што уште за време на студирањето добиваат многу понуди за работа. Современиот и простран факултет, кој што е опремен во согласност со најновите технологии, им дава на студентите можност да се стекнат со квалитетна обука во мали групи со акцент на решавање наконкретно поставени задачи.

Photo: © 2TM d.o.o.

Во текот на посетата на факултетот за електротехника, компјутерски науки и информатика специјалистите од компанијата 2ТМ го разгледаа објектот на универзитетот од Марибор. Исто така тие посетија неколку други образовни институции во Марибор – Academia, Doba и Alma Mater Europaea. Како што потенцираа претставниците од компанијата, со задоволство ќе ги споделат многу пријатните впечатоци од посетата со идните странски студенти.