Вработените од програмата „Интернет и информатички технологии“ Alma Mater Europaea земаа учество во конференцијата за вештачка интелегенција

Во вторник, на 19-ти ноември 2019 година, вработените од програмата „Интернет и информатички технологии“ Alma Mater Europaea земаа учество во конференцијата GoDigital – Podatki in umetna inteligenca („GoDigital – Податоци и вештачка интелегенција“), којашто се одржа во конгресниот центар во Брдо кај Крањ.

На конференцијата беа претставени мислењата на водечките аналитички агенции за светските тенденции, аспекти и приоритети на Европската комисија, а исто така и компаниите коишто веќе започнале да ја имплементираат вештачката интелигенција во бизнис процесите.

Извор: sl-si.facebook.com