За граѓаните од Харков компанијата 2ТМ одржа семинар «Образование во Република Словенија. Стасајте да се запишете оваа година!»

Во саботата на 6 април, во просториите на харковското компјутерско училиште Hillel се одржа уште еден од низата семинари на компанијата 2ТМ, посветен на прашањата поврзани со запишувањето и студирањето во Република Словенија.   На саминарот стана збор за тоа како да се стекнеме со престижно европско образование под поволни услови во една од нај комфорните  земи.

Photo: © 2TM d.o.o.

Семинарот го посетија учениците од деветите  класови од општообразовните училишта, а исто така и студентите, кои што се интересираат за магистратура надвор од границите на сопствената држава.

Организаторот на семинарот, раководителот на регионалната канцеларија на 2ТМ во Харков, Татјана Сорокина, на почетокот на настанот одржа презентација за присутните за образовниот систем во Словенија и неговите предности. Исто така претставникот на компанијата им раскажа на посетителите за Република Словенија. Никој од учесниците на семинарот до сега немал можност да ја посети Република Словенија, затоа информациите за знаменитостите, природните убавини и удобтвата на животот во Словенија учесниците на семинарот ги слушаа со огромен интерес. Што се однесува на главниот дел на семинарот, претставникот на 2ТМ ги запозна гостите со широкиот спектар на високообразовни установи и образовните програми, им раскажа за системот на бонуси и привилегии, кои што се предвидени за сите студенти на словенечките образовни установи. Посебно внимание беше посветено на темата вработување, како во процесот на студирање така и по стекнувањето на дипломата. Наведената тема предизвика огромен интерес кај учесниците на семинарот, од кои што потоа се слушнаа голем број на прашања, меѓу кои , за тоа каква работа можат да најдат студентите, дали имаат привилегии странските специјалисти за вработување, кои што се стекнале со образование во Република Словенија и на каква плата тие можат да се надеваат. Исто така, Татјана Сорокина им раскажа на гостите за варијантите за курсеви за изучување на словенечки јазик и пакетите на услуги кои што 2ТМ им ги предлага на кандидатите.

Би сакале да ви потенцираме дека во овој момент во високообразовните установи во Словенија во тек е првиот рок за прием на пријави, период во кој на кандидатие им е на располагање широка лепеза на образовни програми. Оваа е најдобрата етапа за запишување, и Вие имате време да поднесете пријава. Внимавајте: првата етапа во универзитетите во Љубљана и Марибор завршува на 19 април, во Приморскиот универзитет таа трае до 1 мај.

За подетална информација што се однесува за запишувањето во образовните установи на Република Словенија обратете кај нашите менаџери!