За прв пат во својата историја на GEA College ќе се одржи 19-та меѓународна конференција ABSRC

Во четврток на 14-ти ноември 2019 година, за прв пат во просториите на GEA College, Љубљана, ќе се одржи 19-та меѓународна конференција ABSRC (Advances in Business-Related Scientific Research Conference). Настан посветен на достигнувањата на научниците, кои што работат во сферата на науката за бизнисот.

Во програмата на конференцијата ќе биде вклучен утрински (научен) и попладневен (деловен) дел. Во рамките на научниот дел ќе се одржи презентација на статии, на која што главни излагачи ќе бидат доктор Предраг Брлег, University North и доктор Марио Спремич, од универзитетот од Загреб. Во рамките на деловнит дел на конференцијата ќе се одржи округла маса „Какви решенија за бизнисот предлага вештачката интелигенција“.

Се покануваат студентите од магистерските програми и од докторските студии да земат учество на конференцијата како автори на статии, а исто така се покануваат и студентите од бакалавриските програми да земат учество како слушатели. Регистрацијата за настанот е отворена до 13-ти ноември 2019 година.

Подетално за конференцијата

Извор: gea-college.si