За студентите од Факултетот DOBA се организира регистрација за професионална екскурзија на туристичкото место Terme Olimia

Во рамките на студиската програма «Бизнис и менеџмент во туризмот» студентите од Факултетот DOBA се покануваат да земат учество во професионалната екскурзија на туристичкото место Terme Olimia, која што ќе се реализира во сабота на 18 мај 2019 година од 10:00 до 13:00 часот. Учеството на екскурзијата е доброволно.

Во текот на екскурзијата на учесниците ќе им биде презентирана интересна информација за уникатните туристички услуги, кои што ги предлага Terme Olimia. Студентите од Факултетот DOBA исто така ќе можат да се запознаат со своите колеги од Република Словенија, Хрватска, Србија, да споделат со нив знаења и искуства да разговараат за примерите на успешна практика.

Еднодневната екскурзија на туристичкото место Terme Olimia предвидува:

  1. запознавање со тековните понуди;
  2. разгледување на најсовремениот хотел Sotelia;
  3. разгледување на СПА и велнес-центарот;
  4. разгледување на местото за кампирање од премиоум класа Glamping resort Olimia Adria Village, кое што во 2017 година беше прогласено за најдобро во земјата.

Регистрацијата за учество е отворена до 06 мај 2019 година. Прашањата за подетални информации за екскурзијата и за пријавите за учество упатете ги на е-мејл адреста: ksenija.drolc@doba.si (Ксенија Дролц, раководител на програмата).

Извор: fakulteta.doba.si