За студентите од Колеџот Academia Maribor се одржа визитинг предавање за оперативен менеџмент преку примери од семејното претпријатие ELPRO Lepenik & Co

Во петокот на 17-ти мај 2019 година, во рамките на предметот „Организација и менеџмент на претпријатија“ студентите од студиската програма „Економист“ од Колеџот за насочено образование Academia Maribor се запознаа со принципите на оперативниот менеџмент преку примери од семејното претпријатие ELPRO Lepenik & Co.

Директорот на претпријатието Александра Лепеник, врз основа на своето долгогодишно искуство им ја претстави на студентите употребата на методот на шест сигми, домаќинско производство, just-in-time производство[*] и кајѕен[†] методи за спроведување на измени на претпријатието.

Извор: academia.si

Појаснување 2ТМ:

[*] Just-in-time производство – концепт за управување на производство, кој што е насочен кон намалување на количината на резерви. Во согласност со овој концепт, неопходните компоненти и материјали се набавуваат во потребната количина, на потребното место и во потребното време. Примената на Just-in-time ја зголемува ефикасноста на  производството за сметка на намалените загуби.

[†] Кајѕен – јапонски метод на управување основан на принципот 1 минута. Суштината на методот е во тоа што за определената работа (поставената задача) се издвојува 1 минута, но секој ден и во исто време. Таквиот метод на „мали чекори“ овозможува да се усовршувате и да постигнувате најдобри резултати.