За студентите од универзитетот од Љубљана ќе се одржи практикум за основите на комуникациите

Во вторник, на 17-ти март 2020 година, во 10:00 часот за студентите од универзитетот од Љубљана ќе се одржи двочасовен практикум за основите за комуникациите. Место на одржување на овој практикум ќе биде Малата сала, во зградата на администрацијата на студентскиот дом на универзитетот во Љубљана, Рожна Долина. Организатор на овој практикум за основите на комуникациите е Центрот за воннаставни настани. Предавач на практикумот ќе биде консултантот за прашања поврзани со образованието и развојот на студентите, Лидија Балох (од економскиот факултет при универзитетот од Љубљана).

За да бидете успешни во социјалните или професионалните активности, не е важно само тоа, што ние зборуваме, туку и тоа, како ние ја пренесуваме информацијата и каков говор на телото користиме. Затоа невербалната комуникација, кога знаеме да ја користиме е мнмогу интересна и важна. Во текот на практикумот врз основа на податоците од невролингвистиката студентите ќе ги проучат начините на комуникација и грешките во комуникацијата; ќе се стекнат со вештини на слушање и прифаќање, без коишто не е можно да се претстави квалитетна комуникација; врз основа на практични примери ќе ги разгледаат најраспространетите гестикулации и така натаму.

Регистрацијата за учество во практикумот е отворена до 16-ти март 2020 година.

За повеќе информации напишете на следната електронска адреса: sport@uni-lj.si

Извор: facebook.com