За време на летниот распуст општините овозможуваат сезонска работа за студентите и повозрасните ученици

За време на летниот распуст многу општини во Република Словенија како на пример: Шентјур, Велење, Шоштањ, Преболд, Војник им овозможуваат на студентите и повозрасните ученици привремена работа за време на распустот. Времетраењето на работата е максимум две недели (по 38-40 часа неделно) за минимална саатнина (согласно важечкиот закон – 4,13 евра нето, 4,89 евра бруто).

Во рамките на привремената работа, ангажираните лица ќе бидат вработени во градинки, училишта, базени, како помошници во дом за стари лица, да им помагаат на пожарникарите и на персоналот во хостелите, а исто така и да помагаат во сферата на туризмот и во општината. Бројот на ангажирани директно зависи од бројот на поднесени пријави во општината.

Податоците за бројот на ангажирани во сите општини е различен. Така на пример ако во општината Шентјур се ангажирани само 20 студенти и повозрасни ученици, тогаш во Велење (во рамките на обштествено полезниот проект Čisto moje Velenje) се ангажирани 170 лица. Во Преболд за време на овој распуст ангажирани се 25 лица, во Војник – 11 лица, а во Шоштањ – 80 лица. Да напоменеме дека во Велење праксата за ангажирање на студенти и повозрасни ученици трае веќе 17 години. Тие добиваат 5 евра бруто за час.

Во Шоштањ исто така се практикува оценување на сезонската работа според резултатите. При тоа за сето ова време ниеден од ангажираните не добил негативна оцена.

Извор: vecer.com