Завод за статистика: Интересот за Словенија кај странските професионалци продолжува да расте

Словенија станува се повеќе атрактивна за сранските работници, кои во моментов претставуваат 10% од работоспособното население. Според последните податоци од Заводот за статистика (октомври 2018), оваа бројка вклучува околу 885 700 лица, од кои 87 700 се странци. Најголемиот број на странски работници се од Босна и Херцеговина (преку 42 600 лица), Србија (околу 10 800 лица), Хрватска (околу 7500 лица), Косово (над 7100 лица) и од Македонија (околу 6000 лица).

Според податоците објавени од Заводот за вработување, во 2018 година, учеството на странските работници меѓу работоспособното население во земјата се зголемило за 19,2%. Индустриите со најголемо учество на вработени странски државјани се: градежништвото (нешто повеќе од 20 400 лица), во производството (околу 20 300 лица) како и во во транспортот и логистиката (околу 14 800 лица).

Според експертите, учеството на работното население се зголемува  од месец на месец, што укажува на поволна економска состојба во земјата.

Според податоците од Заводот за вработување од ноември 2018 година, Србија води по бројот на пријави за дозволи за престој и работа – околу 9.000 апликации. Потоа следува Косово (околу 4.600 апликации), Македонија (околу 2.100 апликации), Босна и Херцеговина (околу 1.000 апликации), Русија (околу 600 апликации) и Украина (околу 500 апликации). Вкупно, од јануари до ноември 2018 година, на државјани од 70 земји им биле издадени 19.148 дозволи за престој и работа.

Извор: rtvslo.si