Здружението Eutopia доделува стипендии за студентите од додипломските програми од универзитетот во Љубљана

Здружението Eutopia, со коешто преседава универзитетот од Љубљана, доделува стипендии за студентите од додипломските студиски програми на авторите на идеи за интердисциплинарен научен проект.

Проектот ќе се реализира во летото 2020 година на еден од универзитетите коишто се учесници во здружението (универзитетот во Ворвик, универзитетот Ври од Брисел, универзитетот од Гетеборг, универзитетот од Кержи, Париз, и универзитетот Помпео Фабер од Барселона).

Рокот за поднесување на пријави е до 16-ти март 2020 година. Во пријавата треба да бидат вклучени и двајца ментори од универзитетот од Љубљана и од гостинската образовна установа.

За подетални информации ве молиме обратете се директно до здружението Eutopia на следната електронска адреса: intern.office@uni-lj.si.

Регистрација за настанот Подетално за стипендиите

Извор: uni-lj.si