Здружението EUTOPIA под раководство на универзитетот од Љубљана доби 5 милиони евра во рамките на програмата Erasmus+

Здружението EUTOPIA под раководство на универзитетот од Љубљана доби 5 милиони евра во рамките на програмата Erasmus+. Целта на работата на здружението е зголемување на квалитетот на европското високо образование.

Здружението веќе подготвува заеднички програми за постдипломски студии, заеднички програми за докторски студии за истражувачи во почетокот на нивната професионална кариера, програма за размена на студенти и професори.

Добиените 5 милиони евра ќе му дадат на здружението дополнителен импулс. EUTOPIA ќе се стреми да настапи како мрежа од европски универзитети, кои што работат над решенијата на современите глобални проблеми во рамките на заедничките истражувања, зголемување на мобилноста на студентите и професорите, а исто така и заедничко искористување на иновациите.

Да напоменеме дека дел од EUTOPIA се: Бриселскиот слободен универзитет (Vrijie Universiteit Brussel), универзитетот од Гетеборг, универзитетот од Париз – Сена, универзитетот Помпеу Фабра и универзитетот Уорика од Барселона. Наведените универзитети ќе одржат истражување во 760 области од науката. EUTOPIA обединува повеќе од 165 000 студенти, 30 000 вработени од шест земји и 90 000 дипломци.

Извор: uni-lj.si