Зорица од Македонија: Словенија нуди идеални услови за студентски живот

19 годишната Македонка Зорица Спировска се преселила во Љубљана пред 3 месеци за да студира на „Факултетот за безбедност“. Во својот роден град Скопје, завршила гимназија, а одлуката да студира во Словенија е како што вели, поради високиот европски квалитет на едукација во блиска држава.